ВНИМАНИЕ !!!

 

Почитувани членови на ЗИЗ Тутела, почитувани колеги заштитари!

Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, продолжува со реализација на дел од своите програмски определби, подигнување на капацитетите на сите чинители на БЗР во Македонија.

Следејки ги светските трендови, здрава и зелена околина, се поголемата актуелност и примена на мерките за енергетска ефикасност преку нивно насочување кон оптимизрање на постојните системи (моторите, системите за компримиран воздух, осветлувањето, производството и дистрибуцијата на топла вода и пареа, системите за греење и ладење на просторот, снабдувањето со електрична енергија и сл.), актуелност добива и прашањето во кој дел од оваа приказна е заштитата на самите вработени кои се неминовен дел од овие процеси.

Факт е дека за секој менаџер освен безбедноста и здравјето при работа на неговите вработени, од исклучителна важност се и заштедата на енергија и пари, зголемување на ефикасноста и заштитата на животната средина. При овие активности, покрај работите кои треба да се проценат кога се применуваат подобрувања за намалување на потрошувачката на енергија, за предложените мерки за измена и прилагодување (пр. на машините или системот за осветлување, греење, ладење или …), во целиот процес треба да се вклучат и стручните лица за безбедност при работа, со цел, тие мерки да немаат негативно влијание на работните услови, безбедноста на вработените и другите стандарди.

За таа цел ЗИЗ Тутела, во соработка со Греен Левел Енерџи Институтот и Фондацијата Фридрих Еберт канцеларијата во Скопје,отпочнуваат серија на работилници на тема:

„Енергетска ефикасност – обновливи извори – безбедност и здравје при работа“.

Врз оснаова на погоре наведеното ни претставува посебна чест и задоволство да ве поканиме на воведната работилница на тема :

,,Безбедност и здравје при работа, енергетика, екологија ˂=˃ Паметни мрежи, обновливи извори на енергија, сила на природата”

каде од самиот развој на дискусијата, од искажаната ваша потреба на самата работилница, ќе бидат одредени бројот и  тематските единици на наредните наменски работилници.

 

ВАЖНО!!!

Работилницата ќе се организира на 04. 12. 2018 година, со почеток од 09:30 часот, во х.Александар Сквер 2, ул.Васил Главинов 3, Скопје.

Бројот на учесници е ограничен, предност при регистрација имаат членови на ЗИЗ Тутела, на принцип, прв пратил, прв евидентиран.

 

 

ПРЕДАВАЧ / МОДЕРАТОР !!!

  М-р Лазар Гечевски, стручно лице за безбедност при работа – над 30 години искуство во инженерство, енергетика, претприемништво, микроекономија, акредитациски и инспекциски процедури.

Искуство во управување со енергијата, создавање на енергетска политика операции, стратегија за енергетика и акциони планови, инвестиции во енергетска ефикасност и ефикасност  во технологијата Напредна енергија, обновливи извори на енергија и технологии за одржлива енергија и технологија за  чиста енергија. Искуство во различни инженерски области (енергетика, телекомуникации, електрични централи, обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, енергетски менаџмент), консалтинг, менаџмент, обука и администрациски задачи. Искуство во управување со голем број на (мали и големи) проекти. Советодавна функција на повеќе од 50 инвестициски проекти во обновливите извори на енергија и над 100 проекти за енергетска ефикасност.    Водење на процесот на основање, сертификација и акредитација на првото инспекциско  независно овластено тело за лифтови во Република Македонија, акредитирани од страна на Агенцијата за акредитација на РМ и Министерството за економија на РМ во согласност со стандардот ISO 17020. Проектирање и управување на различните групи на процедури за процесот на инспекција. Овластен од  UNIDO за воведување на стандардот ISO 50001.

АГЕНДА

09:30 -10:00

Регистрација
10:00 -10:15 Отворање на работилницата
10:15 -11:30 Сесија I
11:30 – 12:00 Кафе пауза
12:00 – 13:30 Сесија II
13:30 -14:15 Закуска
14:15 – 15:45 Сесија III
15:45 -16:00 Заклучоци и доделување на потврди за учество
16:00 Затворање на работилницата

Поканата и пријавата за работилницата можете да ги превземете овде:

ПОКАНА_20181204

ПРИЈАВА_20181204

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *