Согласно Одлуката од Втората Седницата на Извршниот Одбор на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје,(во понатамошниот текст Здружение) одржана на ден 23.01.2011 година, за назначување на Главен Координатор на Здружението, се огласува следната:

О Б Ј А В А бр. 2

за отпочнување на постапка за прибирање на кандидатури за избор на:

  1. Главен Координатор на Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје

Рокот за доставување на кандидатурите започнува на 28.01.2019 г, а завршува на 15.02.2019 г.

Кандидатура за позицијата под точка 1, може да поднесе секој член на Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје, кој своето членство го отпочнал/продолжил заклучно со денот на објавувањето на оваа Објава (26.01.2019 г.) и ги исполнува условите наведени во член 19 став 1 алинеја 7 и 46 од Статутот на Здружението.( член 46, ,,За Главен координатор на Здружението може да биде назначено лице со работно искуство во странски и домашни организации, најмалку високо образование, познавање на странски јазик и работа со компјутери, изготвување и раководење на проекти, висок степен на познавање на областа во која делува здружението, како изразени организациони и менаџерски способности и квалитети.”)

Доставените кандидатури, ќе бидат разгледани на Седница на ИО на ЗИЗ Тутела, која ќе се одржи во рок од 7 дена, по крајниот рок на доставување на кандидатурите.

По разгледувањето на пристигнатите кандидатури и првична селекција на истите (ИСПОЛНУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ОД ЧЛ.19 и ЧЛ.46 ОД СТАТУТОТ НА ЗДРУЖЕНИЕТО), согласно Статутот и Деловникот за свикување и работа на Седниците на ИО на Тутела, Скопје, од страна на членовите на ИО ќе се изврши избор на првиот Главен Координатор на Тутела, Скопје.

Секој заинтересиран кандидат потребно е да достави пополнето барање/обрасци (се наоѓаат во прилог на објавава) за поднесување на кандидатура за Главен Координатор на e-mail  ziztutela@gmail.com или contact@tutela.org.mk, во наведениот рок, но не подоцна од 15.02.2019 година.

За сите појаснувања и дополнителни информации обратете се на

E mail ziztutela@gmail.com или contact@tutela.org.mk.

Тел. 077 / 65 59 98  

БАРАЊЕТО /обрасците за поднесување на кандидатура, можете да го симнете овде: 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *