Почитувани членови на ЗИЗ Тутела, колеги заштитари,

22.12.2020 година,
Стручна наменска обука од серијалот POST CORONA – STARTS NOW, на тема БЗР – ЗАКОНСКИ ОБВРСКИ наспроти ПРЕПОРАКИ И МЕРКИ.
Централна организација СЕМОС Едукација, Скопје, прва on-line обука.
Модератор на настанот г-дин Борче Стојчевски.

Настанот започна во 09:30 часот, и на него активно учество земаа 108 члена на ЗИЗ Тутела.

На почетокот воведниот збор го имаа Претседателот на ЗИЗ Тутела г-дин Дејан Ангеловски и Претседателот на ЗБР 28 Април, г-дин Благоја Богоевски.

Потоа следеше обраќањето на директорката на Државниот инспекторат за труд, г-ѓа Јована Тренчевска. Во своето обраќање таа истакна дека, основна задача на ДИТ е надзор на спроведените мерки од областа на безбедност и здравје при работа и работните односи согласно законските и подзаконските акти. Но, под надзор не се разбира само барање на негативности и неспроведени обврски, надзорот опфака пред се, превенција, советување, укажување поддршка на работодавачите, стручните лица за безбедност при работа, претставниците за безбедност на вработените и вработените при исполнување на законските обврски.Државниот инспекторат за труд како институција се залага за системски и професионален пристап, со цел да го искорениме паушалното споведување на мерките, односно да ја смениме перцепцијата,,да имам документи за пред инспекторите”. Тој начин на размислување односно таа перцепција нема да добие поддршка затоа што истата води кон зголемен број на несреќи при работа, намалување на продуктивноста, ефективноста, го уништува самото општество и е на штета на вработените, на нивното здравје и живот.

Првата тема на обуката ја обработија и презентираа претставници на ДИТ.

Втората тема ја презентираше колегата Ѓоко Павлов

Третата тема ја презентираше колегата Цветан Ковач, од Република Хрватска

По што следуваше пауза од час и половина.

По паузата следуваше четвртата тема која ја презентираше колешката Надица Фотев

И за крај на обуката, следуваше презентацијата на колегата Љупчо Кочовски претседател на ФЦБЗР

Целиот тек на настанот, активната вклученост на учесниците, како и реакциите од нивна страна на самиот настан, е потврда дека и овој настан, како и претходните во организација на ЗИЗ Тутела, се вброи во категоријата успешно организирни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *