Почитувани членови на ЗИЗ Тутела, колеги заштитари,

21.12.2021 г.,
on-line обука (апликација Webex),
ТЕМА: ДОБРИ ПРАКТИКИ – РАЗМЕНА – ИСКУСТВО – ЕДУКАЦИЈА

Стручна наменска обука наменета за членовите на ЗИЗ Тутела , во организација на Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје и Македонското Здружение за медицина на труд.

Модератор на настанот беше г-динот Љупчо Кочовски.

Пред повеќе од 150 членови на двете Здруженија , на почетокот на Обуката на присутните им се обратија претседателот на ЗИЗ Тутела М-р Дејан Ангеловски и претседателот на Македонското Здружение за медицина на труд Д-р Злате Мехмедович, кои покрај истакнувањето на задоволството од досегашната заедничка соработка им посакаа успешен едукативен ден на сите учесници на настанот.

После обраќањето на Претседателите на двете здруженија се продолжи со работниот дел на обуката.

Д-р Злате Мехмедович
Д-р Искра Кочева
М-р Дејан Ангеловски

Според бројот на присутни, интересот во текот на презентаците и стручните дискусии кои се развија на настанот, и оваа обука може да се вброи во делот на успешни стручни обуки кои ги организира ЗИЗ Тутела.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *