По повод Европската недела на безбедност и здравје при работа во организација на Министерството за труд и социјална политика заедно со Советот за безбедност и здравје при работа поддржан од Фондацијата „Фридтих Еберт“ со почеток во 10 часот во Hiliday Inn, Скопје, сеодржа настан на кој беа доделени Националната награда за компанија со најдобро имплементиран систем за БЗР.

Настанот го отвори и модерираше г-дин Дарко Дочински – МТСП.

Свое обраќање имаше и Министерката за труд и социјална политика г-ѓа Јована Тренчевска, која истакна дека ,,безбедните работни места значат продуктивни и задоволни работници затоа заедно можеме да постигнеме да ги заштитиме работниците. Кога велам заедно, навистина мислам на сите нас овде, компаниите, организациите како и институциите кои ги претставуваме. Заедно да ги одржуваме работните места и работите процеси пред се здрави и безбедни за работниците “.

И оваа година, согласно веќе воспоставената пракса се реализираше и се спроведе постапката на оценување на системите за БЗР во рамки на компаниите од Република Северна Македонија кои се пријавија на јавниот повик. 

Добитници на Националните награди за оваа година беа компаниите: Макстил – Скопје, Кнауф Радика – Дебар и Комфи Ангел – Прилеп.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *