Почитувани членови на ЗИЗ Тутела, колеги заштитари,

Советот за безбедност и здравје при работа е експертско советодавно тело од областа БЗР, основано од Владата на Република Северна Македонија, во согласност со член 43 и 44 од Законот за безбедност и здравје при работа.
Советот го сочинуваат 15 члена, претставници од различни субјекти и заинтересирани страни од областа и тоа:

  • 4 члена од репрезентативните организации на работодавачи;
  • 4 члена од репрезентативните синдикати;- 3 члена именувани од Владата на РСМ;
  • 1 член – претставник на факултет кој спроведува образовна дејност на полето на безбедност при работа;
  • 1 член –претставник на факултет кој спроведува образовна дејност на полето на медицина на трудот;
  • 1 член – претставник на здружение на стручни лица за безбедност при работа  и
  • 1 член – претставник на здружение на експерти на медицина на трудот.

Советот за БЗР разгледува и дава мислења и препораки за состојбите во областа на БЗР, стратешки и оперативни документи од областа, за политики за спречување и намалување на повредите на работното место, професионалните болести и други болести и повреди кои се поврзани со работата, за стручните основи за изработка на закони и други прописи за БЗР, за документи на меѓународни организации од областа итн.

На Седница на Владата на РСМ на предлог на Министерството за труд и социјална политика, а врз основа на Допис доставен од трите Здруженија на стручни лица од областа БР, Здружение за заштита при работа на општина Битола, Битола, Здружение за безбедност при работа 28 Април, Скопје и Здружението на инженери за заштита Тутела, Скопје, согласно пртходно договорената динамика на ротација, беше иницирана пормена на актуелниот претставник г-дин Борче Стојчевски, Здружение на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје, со нов претставник поддржан повторно од трите Здруженија г-дин Благоја Богоевски, член на ЗБР 28 АПРИЛ, Скопје.

Новото Решение во врска со назначување на членови на Советот за БЗР е објавено во Сл.Весник на РСМ бр.41_2023.

Во име на ИО на ЗИЗ Туела и сите 258 члена на ЗИЗ Тутела, му посакуваме успешна работа на новиот претставник на Стручните лица во Советот за БЗР на РСМ.

ИО на ЗИЗ Тутела

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *