ПОВИК ЗА УЧЕСТВО!!!

Почитувани,

Ни претставува посебна чест, ДА ВЕ ПОКАНИМЕ, да земете активно учество со аплицирање, квалификување и во изборот, на најдобрите правни субјекти во 2022 година, кои реално и стручно, допринеле во сопствениот развој, инвестирајќи / имплеметирајќи добри практики во безбедни и  здрави работни места.

Цeлокупната активност и самиот централен настан, се организира од страна на Здружението за заштита при работа на општина Битола, Битола, Здружението за безбедност при работа 28-ми АПРИЛ, Скопје и Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје, со поддршка на претставници од партнерските организации и државните институции.

Рокот за апликација започнува на 01.03.2023 г. (среда) и ќе трае до 31.03.2023 г. (петок).

Објавувањето и доделувањето на наградите ќе се изврши на свечена, јавна манифестација, која планирано е да се одржи на ден 28. 04. 2022 г. (четврток), на која ќе бидат поканети претставници од сите чинители во областа БЗР и учесниците во Повикот.

УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО И КАНДИДАТУРА

Право на учество има секој правен субјект кој е регистриран во Централниот регистар на РС Македонија.

Формуларот за пријавување на Повикот можете да го превземете овде:

во формат Ms Office :

во формат .pdf

Во самиот формулар за пријавување, детално Ви е опишана целата постапка.

Во зависност од дејноста и бројот на вработени, секој правен субјект ќе може да учествува и да освои прво, второ или трето место, во следните категории:

Категорија 1 – Услужни дејности (финансиски, информативни, транспорт, трговија, сервисни и други услуги) (дејност со броевите 45–75 од НКД)
Категорија 2 – Административни дејности(адвокатски,нотарски,сметководствени канцеларии..) (дејност со броевите 77 – 96 од НКД)
Категорија 3 – Производствени, земјоделски, рударски, градежни дејности и сл.(дејност со броевите 01-43 од НКД)
А) Мали претпријатија – до 50 вработени
Б) Средни претпријатија – до 250 вработени
В) Големи претпријатија – над 250 вработени
Категорија 4 – Правен субјект кој најмногу инвестирал во безбедноста и здравјето на своите вработени.

Прилогот кон Формуларот за пријавување на Повикот, за категорија 4, можете да го превземете овде,

во формат Ms Word :

во формат .pdf 

Ако имате прашања во врска со Повикот за годишни награди за добри практики во областа БЗР во 2022 година, контактирајте не, на e-mail адреса: dobrapraksabzr@gmail.com или тел.  070 / 23 54 66 (Јасминка) .

НАПОМЕНА: Секој правен субјект (апликант), со самиот формулар (апликација), да достави контакт податоци, на личност од правниот субјект (апликантот), која ќе биде вклучена и контактирана во текот на целиот процес.
Учесниците на повикот, на барање на организаторот потребно е да достават и краток текстуален опис (текст и фотографии) во кој ќе ја/ги опишат добрата/ите пракса/практики во областа БЗР.

Со почит,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *