Во првата фаза од повикот „БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ“ за 2021 година, за избор на најдобри литературни творби на тема БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА (БЗР), изработени од учениците од Р.С. Македонија, повик, кој трет пат се одржува и станува традиционален , апликација поднесоа учениците од следните Основни училишта:

– ООУ„Св.Климент Охридски“ , Македонски Брод
– ООУ„Св.Климент Охридски“ , ПУ,,Манастирец”, Македонски Брод
– ООУ„Гоце Делчев“, Горно Лисиче, Аеродром, Скопје
– ООУ„Св. Кирил и Методиј“, Иловица, Босилово
– ООУ „Страшо Пинџур“, с. Мало Коњари, Прилеп
– ООУ „Св. Кирил и Методиј“, Велес
– ООУ„Гоце Делчев“, Босилово

– ООУ “Гоце Делчев“ – н.Илинден
– ОУ,,Христо Узунов”, с.Другово, Кичево
– ООУ„Браќа Миладиновци”, Аеродром
– ООУ „Крсте Мисирков”, Куманово
– SH.F.K. Imri Elezi – ИМРИ ЕЛЕЗИ, Чаир, Скопје
– ООУ„Славејко Арсов“ , Штип
– ООУ„ Дане Крапчев “, Маџари, Гази Баба, Скопје
– Државно училиште за рехабилитација на деца и младинци со oштетен вид Димитар Влахов, Кисела Вода, Скопје
– ООУ „Кочо Рацин“, Куманово
– ООУ„Св. Климент Охридски“, Драчево, Кисела Вода, Скопје

– Државно училиште за рехабилитација на деца и младинци со oштетен вид Димитар Влахов, Кисела Вода, Скопје
– ООУ „Кочо Рацин“, Куманово
– ООУ„Св. Климент Охридски“, Драчево, Кисела Вода, Скопје

Како проект ,, БЗР од мали нозе”, е одобрен и од страна на Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, како настан, за подигање на јавната свест за градење на култура за безбедност и здравје, од најмала училишна возраст кај учениците.

Заклучно со крајниот рок за поднесување, поднесени се вкупно 109 творби, од кои 79 песни и 30 раскази.

Emoji

“Со задоволство  и мотив , на час по додатна настава , моите третоодделенци твореа за учество на  Вашиот конкурс. Ви благодариме за можноста ! Пред СЕ научивме за безбедност при работа , разговарајќи за повеќе  случувања.
Со почит  одделенски наставник  Николина Милевска, при ООУ „Кочо Рацин“ Куманово ,,

Во втората фаза, следи комисиско разгледување на пристигнатите творби, тематска селекција и избор на најдобрите, кои ќе бидат објавени на настан кој ќе се организира на ден 28.04.2021 година, по повод одбележувањето на 28 aприл, Светскиот ден за безбедност и здравје при работа.

Збирката песни ,,БЗР ОД МАЛИ НОЗЕ 2021″, ќе се промовира во месец Октомври, за време на Европската недела за БЗР.

ПРОДОЛЖУВАМЕ, ЗА БЗР СЕ РАБОТИ !!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *